По точно 8 месеци, македонскиот репрезентативец Дарко Велковски повторно беше на терен. Тој вечерва го имаше дебитантскиот настап за својот нов клуб, екипата на Динамо Букурешт.
Велковски беше стартер и го одигра комплетниот меч за својот тим, кој жестоко се бореше да освои барем бод во градското дерби со Рапид, но гостите со гол во судиското продолжение, на крајот славеа со 1:2.
Овој праз на Динамо и натаму го остава на самото дно на табелата меѓу екипите кои ќе разигруваат за опстанок во елитата.