Репрезентацијата на Нигерија се пласира во четвртфиналето на Купот на африканските нации по триумфот над Камерун со 2:0. Лукман беше херојот на „Супер орлите“ поради двата гола, првиот во 36.минута, а вториот во финишот на мечот. На голот на Камерунците се појави Фабрис Ондоа кој го замени неговиот роднина Онана, меѓутоа и тој се вклопи во сивилото на својата екипа.
Камерунците тотално потфрлија на овој натпревар, а немаше ниту еден шут кон голот на противникот.
𝗜𝘁’𝘀 𝗮𝗹𝗹 𝘀𝗲𝘁 𝘁𝗼𝘄𝗮𝗿𝗱𝘀 𝗼𝗻𝗲 𝘁𝗿𝗼𝗽𝗵𝘆. 🏆✨#TotalEnergiesAFCON2023 pic.twitter.com/AvCrYtL7oT
— CAF (@CAF_Online) January 24, 2024