На 43 години ја освои првата Гренд слем титула после 61 обид

1648

Му беа потребни 61 обид и 19 различни партнери за Индиецот Рохан Бопана, конечно, да освои Гренд слем титула во двојки во машка конкуренција. На 43 години тој стигна до најголемиот успех во кариерата освојувајќи ја титулата на Австралија опен во двојки, а партнер му беше Метју Ебден.
Тој воедно е највозрасниот тенисер кој освоил гренд слем титула во двојки.
Тој заедно со Ебден во финалето ги победија Италијанците Симоне Болели и Андреа Вавасори со 2:0 во сетови (7:6 и 7:5).
Бопана сега е на врвот на листата на Опен ерата во најмногу обиди за освојување на гренд слем титула во двојки во машка конкуренција поминувајќи го Американецот Раџив Рама кој имал 58 обиди.
Бопана после 17 обиди во двојки на Австралија опен, успеа да стигне до трофејот.

ПретходноБизарна сцена во Бундес: Навивач стана судија!
СледноВо Англија: Навивач го бркаше судијата затоа што досуди пенал против неговиот тим (видео)