Шпански напаѓач го менува Бонифасе во нападот на Баер

435

Баер Леверкузен ја комплетираше позајмицата на напаѓачот Борха Инглесиас кој доаѓа од редовите на Бетис. Шпанецот ќе настапува за клубот од Леверкузен до крајот на сезоната, со тоа што Германците можат да го откупат неговиот договор за 8 милиони евра.
Борха ќе биде замената за најдобриот напаѓач на Баер од првиот дел на сезоната Виктор Бонифасе кој се повреди и ќе паузира до април.
Борха Инглесиас е дете на Виљареал, играше и за Селта, Сарагоса, Еспањол, а од 2019 година е во Бетис. Има и два настапи за шпанската репрезентација.

ПретходноВо Англија: Навивач го бркаше судијата затоа што досуди пенал против неговиот тим (видео)
СледноРакометен спектакл за титулата: Можат ли Французите да ја урнат фуриозната Данска?