Нови проблеми во Манчестер Јунајтед и за тренерот Ерик тен Хаг. Холанѓанецот изгледа го губи и авторитетот затоа што играчите почнаа да го лажат. Напаѓачот Маркус Рашфорд во четвртокот пријавил дека е болен за да не дојде на тренинзи во петокот, за потоа истата вечер да биде во ноќен клуб во Белфаст.
„Атлетик“ пренесува дека Рашфорд бил во ноќниот клуб во четвртокот вечерта, а следното утро со приватен авион се вратил во Манчестер. А претходно ги откажал тренинзите затоа што пријавил дека е болен.
Тен Хаг во петокот потврди дека англискиот репрезентативец не можел да тренира пред мечот со Њупорт во ФА купот поради болест, а потоа излегоа видеа од фудбалерот во ноќниот клуб во главниот град на Северна Ирска.
Сега дали клубот ќе преземе дисциплински мерки останува да видиме.
🚨 Marcus Rashford was in a Belfast nightclub hours before reporting himself as too ill to train on Friday morning.
🗞️ @TheAthleticFC pic.twitter.com/8nVM3kIb7M
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) January 27, 2024