Во првиот меч по шокатната изјава на Јирген Клоп, дека по завршувањето на сезоната ќе си оди од “Енфилд“, Ливерпул во меч од 1/16 финалето во ФА Купот славеше протов Норич со 5:2 и со тоа да избори пласман во следната фаза во ова натпреварување.
“Редси“ поведоа со голот на Џонс во 16.минута. Гостите израмнија со голот на Гибсон само шест минути потоа, но Ливерпул го врати водството со погодокот на Дарвин во 28.минута. Во 53.минута Диого Жота стрела веќе за 3:1, а за 4:1 погоди Ван Дајк. Норич намали на 4:2 преку Саинц, додека конечните 5:2 беа дело на Гравенберх во 90+5.минута.