Тен Хаг: Моравме да почнеме од почеток за да победиме

302

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг ја прокоментира победата на „црвените ѓаволи“ против екипата на Њупорт од 4:2 во 1/16-финалето во ФА Купот.

Успехот дојде на потешкиот пат бидејќи тимот на Холанѓанецот прокоцка предност од два гола, а откако Манчестер јунајтед повторно поведе, трепереше до крајот на натпреварот.

„Во првите 35 минути се чувствувавме удобно бидејќи водевме со 2:0. Требаше да биде 3-0 или 4-0, но потоа противникот почна да создава шанси од никаде, а нашата одбрана е слаба на контра. Моравме да почнеме одново за да победиме и успеавме. Момците завршија одлична работа. Ја контролиравме играта“, изјави Тен Хаг.

ПретходноНов шок на “Енфилд“: И капитенот Ван Дајк си оди од Ливерпул?!
СледноВардар поразен на првата контрола во Анталија!