Иницијаторите си закажаа ново Собрание, два дена пред она на Даниел Димевски!

340

Олимписките кругови во Македонија се сериозни разнишани по последните настани кои се случуваат со најголемата спортска федерација во земјава. Нетрпението и поделбите ги има на секој чекор, но и најави за нови лавиринти.

На 9 јануари беше поднесена иницијатива за Вонредно Собрание со точка на дневен рез за разрешување на Даниел Димевски и избор на нов претседател на МОК. На листата потпишани 31 од вкупно 42 федерации.

Во прв момент таа иницијатива беше одбиена за да неколку дена подоцна Даниел Димевски закаже Собрание со негови правила на игра, со негови рокови, негова листа на делегати. Во петокот (26.01.2024), беше рокот за поднесување на кандидатури за претседател на МОК, но до тој тертмин наместо име Иницијаторите објавија ново Вонредно Собрание. Го закажаа за 6. февруари или два дена пред она кое го закажа Даниел Димевски, по сите закони и правила кои важат според статут согласно со последното редовно годишно Собрание на МОК од лани.

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА со поддршка за мотоциклистички шампион Христијан Бузалковски во неговиот поход за победи 2024
СледноКарабатиќ: Не играв за децата, семејството или публиката – овој турнир го играв за себе!