По ракометното ЕУРО 2024 во Германија, веќе во јуни оваа земја уште еднаш ќе биде организатор на едно ЕП, но сега на она вистинското, фудбалското ЕУРО 2024 кое ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули. Јасно е дека кога станива збор за Германија тоа ќе биде невиден спектакл, јасно е дека ова ЕП ќе биде убедливо најдоброто и најспектакуларното досега.
Само бројките фасцинираат. Имено се очекува најмалку 3 милиони фанови да пристигнат во Германија, се очекува најмалку 12 милиони лица да ги посетат фан-зоните во сите градови каде што ќе се одржи ЕУРО 2024.
Кога сме кај приходот, педантните Германци пресметале дека вкупниот приход би требало да изнесува неверојатни 2,5 милијарди евра што секако дека е рекорд.
На последното ЕП 2021 тој изнесуваше 1,9 милијарди а познато е дека се одржа во повеќе земји ширум Стариот континент, додека за споредба во 1992 година на ЕП во Шведска приходот бил само 40 милиони евра.