Каземиро нема намера да го нашушта Манчестер Јунајтед, па така според неговите зборови тој и натаму ќе биде член на тимот од “Олд Трафорд“.
Ова доаѓа по веста дека Бразилецот ја одбил баснословната понуда на Ал Наср, со што покажал дека нема намера, барем засега, да се пресели во С. Арабија.
“Среќен сум во Манчестер Јунајтед и тоа од мојот прв ден. Не се опишува тоа колку добро сум примен во овој клуб, во овој град и тоа од моите соиграчи и од фановите. Единствената желба ми е да го вратиме Јунајтед на старите славни патеки“ изјави покрај другото Каземиро.