Фудбалерите на Рома на гости го совладаа тимот на Салернитана со 2:1 и ја остварија втората победа под водство на новиот тренер Даниеле де Роси. Оваа победа ја врати надежта кај навивачите дека тимот може да стигне до Лигата на шампионите.
На почетокот на вториот дел судијата Маџоре досуди пенал за гостите, а Пауло Дибала погоди од белата точка во 51. минута.
Аргентинскиот репрезентативец учествуваше во вториот гол на својот тим, со луцидна „пета“ го проигра Карсдорп кој во 66. минута му асистираше на Лоренцо Пелегрини за 0:2.
Салернитана брзо возврати, четири минути подоцна Кастанос со глава погоди за 1:2, што излезе и конечен резултат на мечот.