Поранешната НБА ѕвезда Ражон Рондо е уапсен во неделата во Индијана поради нелегално поседување оружје и реквизити за дрога, пишуваат тамошните медиуми. „Тој бил повлечен поради сообраќаен прекршок, а службеникот забележал марихуана, поради што бил претресен автомобилот во кој биле пронајдени пиштол, марихуана за лична употреба и реквизити за дрога“, соопшти полицијата.
Рондо бил одведен во затвор, а потоа платил кауција. Сите пријави против него се прекршочни. Во својата 16-годишна кариера играше за Бостон, Далас Чикаго, Њу Орлеанс, Лос Анџелес Лејкерс, Атланта, ЛА Клиперс и Кливленд, кој е неговиот последен НБА клуб во 2022 година.
Двапати ја освои НБА лигата, а четири пати учествуваше во Ол Стар натпреварот. Пред две години го пријавила и неговата сопруга откако и се заканувал дека ќе ја убие. Тогаш имаше пиштол. Слична ситуација се повтори и минатата година, но тој случај беше решен спогодбено.