Агон Елези прави „бундес“ трансфер во Бохум!

939

Со месеци трае тензијата меѓу Агон Елези и неговиот хрватски клуб Вараждин за кој репрезентативниот играч за врска нема настап од 5 ноември. Македонскиот репрезентативец не сака да го продолжи договорот со неговиот актуелен клуб, а причина за тоа е неговата желба да замине во друга средина.

Хрватските медиуми утрово најавија де Бохум е следниот предизвик за Агон Елези кој во наредниве неколку дена треба да го комплетира трансферот во Бундеслигата. Клуб кој е на 14 место во Германија и голем предизвик за самиот Елези.

ПретходноПоранешна НБА ѕвезда уапсена поради оружје и дрога
СледноАртета: Не можев да поверувам што напишаа!