Севиља потврди разделба со Ракитиќ

121

 

Севиља објави дека хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ си заминува од тимот. Претходните денови се зборуваше за заминување на 35-годишниот фудбалер поради мала минутажа под раководство на тренерот Кике Санчез Флорес.

Следна дестинација на Ракитиќ ќе биде во Саудиска Арабија и тоа во Ал Шабаб со кој ќе потпише договор на една и пол година.

Ракитиќ играше за Севиља, па беше во Барселона, а летото 2020 година се врати во Севиља.

ПретходноПовеќе Германци го гледале финалето на ЕП отколку нивниот меч за бронза!
СледноПотврдени пријателските средби: Во јуни на гости во Хрватска и во Чешка