Италијанската Рома го објави трансферот на левиот бек Анхелино. Се работи за позајмица до крајот на сезоната, а играчот доаѓа од редовите на РБ Лајпциг кој ги има неговите права.
Првиот дел од сезоната Анхелино ги помина во Галатасарај за кој одигра 18 натпревари од кои само осум во Супер лигата. Рома има право да го откупи неговиот договор за 5 милиони евра.
Инаку Анхелино пред Лајпциг беше во Манчестер Сити и во ПСВ Ајндховен, играше и како позајмен во Хофенхајм, Мајорка и НАЦ Бреда.