Ирачките новинари се обидоа физички да се пресметаат со селекторот на фудбалската репрезентација Хесус Касас по поразот од Јордан (3:2) во осминафиналето на Азискиот куп.
На прес-конференцијата по завршувањето на драматичниот дуел, новинарите го критикуваа селекторот дека дава интервјуа, наместо да се фокусира на претстојните дуели.
„Ниту еден од тренерите кои продолжија не даваше интервјуа пред натпреварите. Како можеше да помислиш на тоа? Срамота“, извика еден од ирачките новинари, а потоа заедно со колегите се упати кон Шпанецот, поради што реагираше обезбедувањето во Катар.
Ирачката фудбалска федерација ги осуди немилите настани и ги нарече „болни сцени“ и „одвратно и невнимателно однесување насочено против селекторот Касас“.
Шпанецот изјави дека вакво нешто не му се случило во кариерата.
Iraqi Press ATTACK Jesus Casas after Iraq lose to Jordan in the last minute.
Chaos in the conference room.#AsianCup2023 pic.twitter.com/wHXONVS3fY
— InsideWorldFootball (@InsideWorldFoo1) January 29, 2024