Фудбалерите на Мали се пласираа во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации, откако вечерва беа подобри од селекцијата на Буркина Фасо со 2:1.
Мали во четвртфиналето ќе игра против домаќинот Брегот на Слоновата Коска, кој вчера го запре Сенегал.
Головите за Мали денеска ги постигнаа Тапсоба (автогол) во 3. минута и Синајоко во 47. минута, додека единствениот гол за Буркина Фасо беше дело на Бертранд Траоре, кој беше прецизен од белата точка во 57. минута.