Арсенал славеше кај „шумарите“ и се врати на минус два зад Ливерпул

92

Арсенал успеа да врзе и втора победа едноподгруго во Премиер лигата и повторно да се врати блиску до водечкиот Ливерпул на врвот на табелата во англиското елитно натпреварување. Вечерва на гостувањето кај Нотингем Форест, момците на Микаел Артета славеа со 1:2 и со тоа ј азапишаа четиринаесеттата сезонска победа.

По нерешените 0:0 на полувреме, првиот гол стигна дури во 65. минута кога Габриел Жезус погоди за водство на „топчиите“. Гостите до 72 минута веќе имаа предбност и од 0.2, откако Сака се запиша меѓу стрелците.

Надежта на домашните дека не е се загубено ја врати Авоињи со голот во 90. минута, но Нотингем не успеа да ги искористи петте минути судиско продолжение за евентуално да израмни. Домашните со овој пораз остануваат на само два бода над црвената линија за опстанок.

ПретходноЦ. Звезда лесно најде „рецепт“ за Валенсија, победи и за Фенер и Олимпијакос
СледноПросинечки ќе биде нов селектор на Гана?