Мал дел од македонските екипи пред продолжение на сезоната одлучија подготовките да ги одработат надвор од нашата земја, особено оние кои се натпреваруваат во Првата лига.
Металург одлучи да ја задржи традицијата и професионалноста која ја негува со години. Клубот од Автокоманда откако една недела работеше во Скопје замина во Пореч каде ги „полни батериите“ пред важните битки во плеј-офот во Првата лига.
Покрај редовните тренинзи, ракометарите на Металург го одиграа и првиот контролен натпревар против Слован. Враќањето за главниот град е предвидено за следната недела.
Тимот од Автокоманда е на петото место на табелата пред стартот на плеј-офот со еден бод.