Ќе има ли „сеча“ на селектори на утрешниот УО на ФФМ!?

730

Во текот на утрешниот ден е закажан состанок на УО на ФФМ на кој федерацијата ќе донесе неколку одлуки. Ова е прв ваков состанок на ова тело на ФФМ во новата 2024 година. Лани во декември на последниот состанок беше продолжен договорот на селекторот Благоја Милевски, но беше и формирана комисија која требаше да ги разгледа извештаите и да се соочи со останатите селектори кои имаат катастрофални резултати.

Затоа се поставува прашањето дали и кои од селекторите утре ќе добијат црвен картон од ФФМ. На тапет се буквално сите тренери со исклучок на Тони Јакимовски чија што генерација до 19 години единствена имаше позитива во минатата година и се избори за елитна рунда.

ПретходноПријателска: Работнички убедлив против Карловац!
СледноФановите на Денвер во „паника“, Јокиќ го пропушта дербито!