“Лавовите“ одиграа 3:3 против Сараево на Илиев, Гостивар со реми во Анталија!

303

Во интересен меч, во една голеада во Умаг, Македонија ЃП одигра сосема добро и ремизираше со Сараево со резултат 3:3. Веднаш да кажеме дека на голот на тимот од БиХ стартер беше нашиот репрезентативец Дени Илиев.

Лавовите“ поведоа со голот на Балотели уште во 9.минута по една грешка токму на Илиев. Следуваат потоа три гола за “бордо“ тимот за водство од 1:3, за да во финишот на средбата, Македонија ЃП со два гола, во 73.минута преку Фазли и во 82.минута тимот од Ѓорче дојде до реми.

Во Анталија пак составот на Гостивар одигра 1:1 во пријателски меч против Храдлец од Чешка. Кехинде беше стрелец за водство на гостиварци од 1:0 од пенал.

ПретходноШкендија се пофали со Роналдо! (ВИДЕО)
СледноОфицијално: Роналдо во “црвено – црниот“ дрес на Шкендија! (ФОТО)