Фудбалските љубители останаа разочарани затоа што нема да гледаат дуел помеѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Причината е што ѕвездата на Ал Наср, Роналдо не успеа да заздрави поради повреда.
Роналдо има мускулна повреда и не е спремен за игра. Двобојот на „Кингдом арена“ во Ријад го доби името „Последниот танц“, а се очекуваше Меси и Роналдо последен пат да ги одмерат силите на теренот како играчи.
Дуелот меѓу Ал Наср и Интер Мајами е закажан за четврток со почеток од 19:00 часот.