По 20 години кошарка, Марк Гасол стави крај на кариерата

194

Легендарниот шпански кошаркар Марк Гасол објави дека ја завршува успешната кариера долга 20 години. Нешто повеќе од две години после брат му Пау, и Марк Гасол објави заминување во пензија.
„Дојде време да се повлечам. Морав тоа да го направам, ако продолжев можеби тоа ќе имаше сериозни последици“, изјави Марк Гасол кој по играчката кариера ќе биде претседател на клубот Џирона.
Марк Гасол има НБА титула со Торонто, како и две титули светски шампион со Шпанија. Исто така има и два олимписки сребрени медали во Пекинг и Лондон и две европски злата во 2009 и 2011 година.
Последните две години тој беше член на Џирона, а играше уште за Лејкерс, Мемфис и Барселона.

ПретходноЧеферин: Нема да има финале на ЛШ во Саудиска Арабија
СледноДинамо Загреб го договори најголемото засилување оваа зима