Сити го „сомле“ Барнли, два гола на роденденецот Алварез

164

Манчестер Сити односно Тотенхем славеа победи во мечевите од 22.коло на англиската Премиер лига. „Граѓаните“ на домашен терен го победија Барнли со 3:1, а првите два гола беа дело на Хулиан Алварез кој патем денеска славеше и 24-ти роденден.
Родри зголеми на 3:0, а во финишот Барнли го ублажи поразот преку Ал Дахил.
Тотенхем на свој терен го победи Брентфорд и покрај тоа што губеше со 0:1 на полувреме. Од 48 до 56 минута со головите на Удоги, Џонсон и Ришарлисон, екипата на Тотенхем го сврте резултатот на 3:1. Во 67 минута намали Иван Тони и до крајот резултатот не се менуваше (3:2).
Сити има 46 бода на втората позиција, Тотенхем има три помалку на четвртото место. Барнли е претпоследен, а Брентфорд е 15-ти.

ПретходноДинамо Загреб го договори најголемото засилување оваа зима
СледноЕвролига: Партизан замрзна на -15 во Монте Карло