Ливерпул го демолира Челзи, Нуњез четири пати ја гаѓаше рамката од голот

436

Во дербито на 22 коло на англиската Премиер лига, екипата на Ливерпул го совлада Челзи со 4:1 на „Енфилд“ и така ја задржа бодовната предност на чело на табелата. Одлуката на Јирген Клоп да го напушти Ливерпул по завршување на сезоната не му сметаше на тимот да забележи убедлива победа.

Во првите 45 минута брилјираше младиот дефанзивец Конор Брејди кој во 23 минута му асистираше на Диого Жота за 1:0, а во 39 минута постигна гол на асистенција на Луис Диаз.
Во финишот на првиот дел Дарвин Нуњез очајно го изведе пеналот и остана 2:0. Во 65 минута на втората асистенција на Бредли, унгарскиот репрезентативец Доминик Собослаи зголеми на 3:0.
Нкунку во 71 минута намали за Челзи, а во 78 минута Луис Диаз постигна гол за 4:1. Треба да се каже и дека Дарвин Нуњез е првиот фудбалер во Премиер лигата кој на еден меч четири пати ја гаѓал рамката од голот откако ОПТА ја води статистиката од 2003/04.
Ливерпул е прв со 51 бод, пет повеќе од второпласираниот Сити. Челзи е на 10-тото место.

ПретходноРајо и Столе загубија кај Атлетико со гол во 90. минута
СледноДенвер без Јокиќ поразен кај Оклахома, Кливленд ниже победи