Мурињо сака да се врати на клупата на Манчестер Ј.

396

Португалскиот тренер Жозе Мурињо кој неодамна доби отказ од Рома, сака да се врати во Манчестер Јунајтед, објави „Дејли Меил“.

Британскиот весник наведува дека од извори блиски до Мурињо дознава дека Португалецот верува дека има незавршена работа на „Олд Трафорд“ по заминувањето во декември 2018 година.

Мурињо го презеде Јунајтед во 2016 година по заминувањето на Луј ван Гал. Во првата сезона ја освои Лигата на Европа и Карабао купот, а во следната сезона заврши на второто место во Премиер лигата зад недопирливиот Манчестер Сити. Имаше договор до 2021 година, но по серијата лоши резултати доби отказ.

ПретходноКлоп воодушевен од младиот Бредли: Колку многу ни помогна, тоа е неверојатно!
СледноМајк Тајсон се враќа во рингот на крајот на годината?