Јуве не сака да го чека: Ако Киеза не потпише нов договор, летово ќе биде продаден!

213

Јувентус нема да го толерира однесувањето на Киеза околу потпишувањето на новиот договор. Челниците на „Старата Дама“ решиле дека подобро е Федерико Киеза да си замине, доколку до крајот на сезоната не потпише нов договор.

Актуелниот договор на крилниот напаѓач е до летото 2025 година. Засега нема напредок во преговорите за продолжување, затоа што агентот на Киеза има високи барања за условите од новата соработка.

Весникот „Газета дело Спорт“ објави дека Јуве е решен да го продаде Киеза на лето доколку нема ништо од нов договор дотогаш.

Клубот веќе ставил неколку имиња на хартија како евентуална замена за Киеза. Во прв ред е Матија Закањи од Лацио, но во игра се и Судаков од Шахтјор и Берарди од Сасуоло.

ПретходноСарагоса од Гранада денеска потпишува за Баерн (М)
СледноСелекторот Јончевски го објави поширокиот список на кошаркари за февруарскиот ФИБА „прозорец“