Репрезентативката Хаџи-Тосева од Наковски Волеј во дресот на Струмица

281

Одбојкарската репрезентативка на Македонија, Добрина Хаџи-Тосева е ново зимско засилување за лидерот на табелата во Првата женска лига, Струмица. Како што потврдија од струмичкиот клуб, Хаџи-Тосева која во првиот дел од сезоната ги бранеше боите на Наковски Волеј се сели во градскиот ривал и еден од најсериозните кандидати за титулата.

18-годишната одбојкарска ќе биде големо засилување з апримачката позиција во составот на Струмица.

ПретходноСараево не го заборава својот Крсте!
СледноКрај на зимскиот трансфер пазар: Каде и до кога е отворен преодниот рок?