Го нарекуваа турскиот Меси, но не го оправда епитетот, сега, по осми пат менува клуб

885

Емре Мор во сезоната 2015/16 во дресот на дански Нордсјеланд блескаше и по само 13 натпревари во данската лига го доби прекарот турскиот Меси. Веќе следната сезона направи трансфер во Борусија Дортмунд, но место да напредува се претвори во бледа сенка на најдобриот фудбалер на светот.
По само 12 настапи во Бундес, Дортмунд го продаде на Селта Виго за 13 милиони евра, но додека беше член на шпанскиот клуб играше како позајмен во Галатасарај, па Олимпијакос за кој не одигра ниту еден меч, па отиде на позајмица во Караѓумрук.
Од таму во 2022 година направи трансфер во Фенербахче за 2 милиони евра, а сега оди на нова позајмица во Караѓумрук каде што би добивал поголема минутажа од онаа во клубот од Истанбул.
Во првиот дел од сезоната Мор настапи на осум натпревари за Фенер во сите натпреварувања.

ПретходноПРОМОЦИЈА: Репрезентативецот Ердон Даци ќе игра за Беверен!
СледноФерари го потврди трансферот: Го донесовме Хамилтон!