Фудбалерите на Манчестер Јунајтед за малку ќе прокоцкаа предност од два гола на гостувањето кај Вулверхемптон во рамките на Премиер лигата. Успеаја да слават со 4:3 благодарение на гол на 18-годишен фудбалер во 97 минута!
По првото полувреме Јунајтед имаше предност од 2:0 со головите на Рашфорд и Хојлунд. Пабло Сарабија намали во 71 минута, а четири минути подоцна „Ѓаволите“ ја вратија предноста преку Мектомини (1:3).
Вистинско шоу се случуваше во финишот. Во 85 и 95 минута преку Килман и Нето домашниот тим го изедначи резултатот. Но тоа не беше се, 18-годишниот Коби Маино ја погоди мрежата и ја донесе победата на Јунајтед.
Манчестер Јунајтед е седми на табелата со 35 бодови, Вулверхемптон е на 11. место со 29 бодови.
KOBBIE MAINOO HOLY SH!T… pic.twitter.com/fLV8kDeLWN
— 𝗧𝗲𝗻 𝗛𝗮𝗴’𝘀 𝗥𝗲𝗱𝘀 ✍🏼🇳🇱 (@TenHagBall_) February 1, 2024