И додека тимот на Партизан се обидува да се врати во форма, по поразите од Црвена звезда и Монако, со избезумена борба за едно од местата кои водат до плеј-ин, некои шпански медиуми веќе пишуваат дека челниците на Партизан сакаат да го ангажираат кошаркарот на Реал Мадрид и репрезентативец на Босна и Херцеговина, Џанан Муса.
Повод за приказната за Муса е фактот што договорот со Реал му истекува на крајот на сезоната, па на негова адреса веќе почнуваат да пристигнуваат различни понуди. Неофицијално, црно-белите се подготвени на 24-годишниот кошаркар да му понудат тригодишен договор вреден шест милиони евра нето или два милиони евра по сезона.
И мадридскиот клуб сака да задржЏанан Муса има неверојатна понуда од КК Партизан на маса!и одличниот кошаркар, му нуди 1,3 милиони евра.
„Моментално платата на играчот е 1.000.000 евра нето годишно, сума која Реал Мадрид има намера да ја зголеми на 1,3 милиони, со нов договор од три или четири години“, пишува споменатиот портал.
Се чини дека Реал ќе мора повеќе да се потруди бидејќи на неговата адреса покрај Партизан сигурно ќе има и други примамливи понуди.










