Во таборот на Пелистер имаат право да бидат задоволни и среќни. Втор меч и втора победа во Нови Сад во рамките на АБА 2. Денеска попладне момците на стратегот Дарко Радуловиќ беа подобри од Хелиос и славеа со 83:81, иако се чини дека не смееа во самиот финиш победата да ја стават под знак прашање.
Тоа го кажа и самиот Радуловиќ веднаш по мечот во својата изјава:
„Сметам дека одигравме поквалитетно од противникот икако имавме мали проблеми во одредени моменти во текот на овој натпревар. Искрено жалам што порано не го решивме прашањето околу победникот. Сепак јас сум задоволен од тоа што беше прикажано. Тимот е во солидна форма и се надевам на уште повеќе успеси во иднина“ кусо изјави стратегот на КК Пелистер.










