Дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Ридигер може да го пропушти дербито со Атлетико Мадрид, што ќе биде сериозен проблем за лидерот во ла Лига.
30-годишниот германски дефанзивец се повреди во финишот на првото полувреме од одложениот натпревар од 20. коло против Хетафе (2:0) и беше заменет на полувремето.
Според извори од клубот, Ридигер добил силен удар и има модрица на левата надколеница, по што се развил хематом.
Учеството на централниот бек во мадридското дерби ссо Атлетико на 4 февруари сега е доведено во прашање, но не е исклучено тој сепак да се појави на теренот, ако лекарите успеат навреме да го оправат.










