По трите последователни победи, фудбалерите на Борусија (Д) вечерва не успеаја да го однесат целиот плен и од гостувањето кај Хајденхајм. Во првиот меч од новото 20. коло во Бундеслигата, Хајденхајм оддолеа на нападите на гостите и извлече реми без голови (0:0).
Ова за хајденхајм е веќе четврти меч во низа на кој играат нерешено. Со овој најнов бод тие успеваат да се одржат во „златната средина“ на табелата.
За Борусија (Д) двата загубени бода на ова гостување ги оставаат на 4. место на табелата, но со сериозен минус во однос на водечките тимови.