Партизан испушти победа, Барса моќна против Ц. Звезда во Белград

236

Во најинтересниот меч вечерва во рамките на 25. коло од Евролигата, екипата на Виртус Болоња со резултат 88:84 славеше над белградски Партизан. За домашните ова беше 16-та победа, додека Партизан остана со 12 победи.

За разлика од претходните неколку натпревари, Партизан вечерва во „Сегафредо арената“ настапи со изменет состав, откако Урош Трифуновиќ поради здравствени проблеми го пропушти мечот, а во составо се вратија Џејлин Смит и Данило Андушиќ.

Иако Партизан одигра одличен меч, сепак, драмата во финишот им припадна на домашните. Лундберг го предводеше тимот на Виртус со 20 поени и пет скока, а кај Партизан Пантер постигна 22.

Црвена звезда вечерва на домашен терен загуби од Барселона со 76:85. Гостите беа во предност цел меч и на крајот без посебни проблеми го приведоа до победа.

Немања Недовиќ имаше 21 поен, Јаго 13 и Боломој 12 кај домашните, додека лидери во победничкиот тим беа Бризуела со 20 и Весели со 16 поени.

Кошаркарите на литванскиот шампион Жалгирис во последното коло на домашен терен го декласира Ефес, а вечерва одигра уште еден одличен натпревар пред своите гледачи и го совлада Панатинаикос со 80:68.

Кинан Еванс беше најдобар во победничкиот тим со 24 поени.

ЕВРОЛИГА – 25. КОЛО

Анадолу Ефес – Арамани Милано 79:73

Жалгирис – Панатинаикос 80:68

Ц. Звезда – Барселона 76:85

Виртус Б. – Партизан 88:84

Монако – Фенербахче 76:69

ПретходноХајденхајм четвртипат во низа одигра нерешено, Борусија (Д) немаше сили за победа
СледноДР Конго со пресврт до полуфинале во Купот на африкански нации (ВИДЕО)