ДР Конго со пресврт до полуфинале во Купот на африкански нации (ВИДЕО)

237

Фудбалската репрезентација на ДР Конго е вториот полуфиналист на Купот на Африканските нации. Вечерва во второто четвртфинале, Конгоанците со пресврт успеаја да дојдат до победа од 3:1 против селекцијата на Гвинеја.

Гвинеја одлично го почна мечот и со голот на Мохамед Бајо од пенал во 20. минута (ВИДЕО) дојде до водство. Сепак, кон завршницата на првиот дел, селекцијата на ДР Конго успеа да израмни. Реализатор беше Мбемба во 27. минута (ВИДЕО).

Во вториот дел од мечот, Виса успеа да донесе целосен пресврт, откако го реализираше пеналот за ДР Конго во 65. минута (ВИДЕО). Печат на победата и пласманот во полуфиналето стави Масуаку во 82. минута (ВИДЕО)

Во полуфинлето, селекцијата на ДР Конго го чека подобриот од дуелот меѓу домаќинот Брег на слонова коска и селекцијата на Мали.

ПретходноПартизан испушти победа, Барса моќна против Ц. Звезда во Белград
СледноФјури ја откажа борбата со Усик, Хрватот Хрговиќ влегува како „замена“?