Кога фотелјата во МОК е поважна од спортот: Димевски се исплаши,на помош го повика ИОК!

789
Даниел Димевски

Даниел Димевски нема намера да го наруши својот комодитет во МОК. Иако дури 31 од вкупно 42 федерации се потпишани на иницијативата за негова смена на претседателското место во најголемата спортска федерација во државата, сепак се обидува да најде начин како да остане на истата позиција.

Денеска во име на Димевски пристигна известување дека ИОК ќе го признае само Редовното Собрание на 6-ти овој месец кое го закажа токму актуелниот прв човек на МОК, а не она кое го закажаа иницијаторите за негова смена.

Чудно, но вистинито.

Доколку навистина Димевски мисли за доброто на спортот, притоа е сигурен во она што го работи, не гледаме причина зошто датумот 9-ти февруари за него е проблематичен.

Од друга страна ИОК е површно или на хартија запознаен со програмата на Димевски, кој се испофали еден куп проекти, меѓу кои и СЦ „Јане Сандански“, а заборави да најави дека во иднина ќе се погрижи оваа сала да стане топол дом како некогаш.

Димевски треба да мисли општо за доброто на спортот во Македонија, и е човек кој е долго време во спортот, дозволи СЦ “Јане Сандански“ да стане мразалник. Среќа што салата е нова, во спротивно, сликата ќе беше како на времето во „Лименката“ кога поради ниски температури малгата се спушташе на теренот.

Фактите се на страната на иницијаторите, Димевски ја загуби довербата кај федерациите, оние коие не се потпишани за негова смена, веќе е добро познато од која причина не го сториле тоа. Лавиринтите кои само Димевски може да ги приреди, исто така на оние кои долго време се во спортот им се добро познати. Па и самиот чин на кој дојде на чело на МОК не беше спортски, туку политички.

Од кога политиката почна да се меша и тоа на големо во спортот, на овој план Македонија пропаѓа. Немаме стратегија за спорт во државата, сето она што се прави и се постигнува е заслуга на федерациите, и оние таленти кои останале во соодветните спортови. Да имавме стратегија за спорт, денеска немаше да се плашиме од фактот дека Македонија на спортската карта полека, но сигурно го губи своето место.

Со слики и пишани документи, и со поддршка на ИОК на кого баш му е гајле за Македонија не се постигнува ништо.

Време е спортот да остане на спортистите и вистинските луѓе.

ПретходноЧудесен момент во Германија, Форфанг со рекорден скок (ВИДЕО)
СледноИбрахимовиќ му ја „крои“ судбината на Пиоли зад грб