Баерн со пресврт до триумф, Леверкузен си гази, Елези ќе почека на дебито за Бохум! (ВИДЕО)

157

Баерн Минхен во меч од 20.коло во Бундеслигата дома губеше со 0:1 против Борусија Менхенгладбах и тоа со голот на Елведи во 35.минута. Сепак на пауза се замина со 1:1 откако Павловиќ стрелаше за баварците во 45.минута на асистенција на Томас Милер.

И тие 1:1 важеа се до 70.минута кога Хари Кејн погоди за радост на домашните фанови, за водство од 2:1. Конечните 3:1 ги постави Де Лихт во 86.минута.

Со овие два нови бода Баерн и натаму е во -2 бода во однос на лидерот Баер Леверкузен. Имено тимот на Чаби Алонсо како гостин успеа да триумфира со 0:2 кај Дармштад со два гола на Тела во 33. и 52.минута. Сега по ова коло лидерот Леверкузен има 52 бода а Баерн кој е втор, има 50 бода.

Македонскиот репрезентативец Агон Елези не се најде во составот на Бохум на денешниот меч против Аугсбург, клуб за кој потпиша минатата недела. Ова знчи дека Елези ќе почека на своето деби за Бохум кој водеше против Аугсбург со 1:0 се до 90+1.минута кога гостите израмнија и освоија бод.

Вердер Бремн на гости кај Мајнц славеше со 0:1.

Претходно“Има понуда и би бил луд ако не прифати да биде наследникот на Клоп“!
СледноЛудило на “Сент Џејмс Парк“: Њукасл – Лутон 4:4, Брајтон го “скрши“ Кристал Палас….