Екипата на Чаир 2030 се намачи во првото полувреме против Академија ФМП. Избраниците на Ерхан Рамадани благодарение на добрата игра во последните две четвртини, особено завршните десет минути дојдоа до убедлив триумф од 103-73.
Гостинските кошаркари беа рамноправен противник едно полувреме, едноставно не му даваа простор на домаќинот лесно да дојде до бодовите. Во дел од првата четвртина, ФМП водеше со 10-14, додека по истекот на истата имаше негатива од шест поени (23-17). Битката продолжи и во вториот период, Чаир пред самиот крај водеше со двоцифрени 43-33, но повторно застана, па резултатот на одморот беше 43-38.
Во третата четвртина Чаир беше подобар со 25-23 и имаше во поголем дел двоцифрена предност, која почна да ја зголемува во последните десет минути во кои одигра фуриозно.
Давел Роби со 22 поени беше прв стрелец кај победникот, зад него беше Мустафица со дабл-дабл од 21 поен и 17 скока. Дабл-дабл учинок имаше и Каруки од 17 поени и 10 скока. На другата страна Брукс имаше 20 поени.