Екипата на Болоња запиша важна победа во дуелот со Сасуоло на „Ренато дал’Ара“ во Серија А. Со новите три бода се искачи на четвртото место на табелата што значи дека шансите за излез во ЛШ засега се големи. Без тренерот Тијаго Мота кој беше на трибини успеа да ја впише првата победа во 2024 година.
Болоња имаше негатива на полувреме (1:2), но во второто полувреме се врати. Изедначи Фабијан, па Фергусон и Салемакерс режираа пресврт и голема победа.
Болоња е на четвртото место на табелата со исто бодови колку и Аталанта.