Џирона испушти поени, црвен картон за тренерот, Реал со шанса да избега на +4

238

Екипата на Џирона пропушти да се врати на чело на табелата во Ла Лига по ремито против Сосиедад 0:0 вечерва на стадионот „Монтиливи“. Во првото полувреме Џирона поведе со гол на Херера но истиот беше поништен поради офсајд по реакција на ВАР. Потоа Ојарзабал ја затресе мрежата на домашните но и тој гол беше поништен.
За малата сензација во Шпанија овој меч им донесе проблеми за идната недела затоа што Херера ќе паузира поради акумулирани картони, тренерот Мичел доби црвен картон поради протести, а играчот Добјук се повреди.
Ова е петто реми на Џирона сезонава, а тоа значи дека Реал остана прв со 57 бода односно бод повеќе од каталонската екипа, со тоа што „кралевите“ имаат шанса со победа над Атлетико утре да избегаат на четири бода.

ПретходноБолоња од 1:2, до 4:2 и прва победа во 2024 година
СледноКари како Коби Брајант! Дончиќ бадијала правеше чуда (ВИДЕО)