Пелистер и МЗТ Скопје по перфекција во Нови Сад

100

Екипите на Пелистер и МЗТ Скопје денеска ги играат последните мечеви на турнирот во Нови Сад. И двата тима имаат две победи, па посакуваат со перфектен крај од овие пресметки во АБА2-лига.

Први на теренот ќе истрчаат битолчани. Избраниците на Дарко Радуловиќ ќе ги одмерат силите со Сутјеска, дуел кој стартува во 12 часот. Според табелата, Пелистер е во предност, па има реални шанси да дојде до петтата победа оваа сезона и се искачи на осмата позиција на табелата која води во следната рунда.

МЗТ Скопје пак игра против домаќинот. Актуелниот македонски првак го чека тешка задача, Војводина има победа повеќе и се наоѓа на четвртото место на табелата, но секако не е непобедлива. Двата тима имаа само една пресметка во минатото и истата им припаднала на кошаркарите на МЗТ Скопје. Со цел плен од оваа средба, „сино-белите“ можат да се искачат најмалку едно место погоре, поточно на петтата позиција.

Овој натпревар е последен на денешната програма, почнува во 18 часот.

ПретходноМилан има нова опција за Пиоли
СледноТројка на Јакимовски со звукот на сирената, коментаторите во „транс“: Скопје, Крива Паланка…(ВИДЕО)