По серијата од три порази и четири меча без победа, РБ Лајпциг конечно, денеска го оствари првиот триумф. На домашен терен „биковите“ со 2:0 славеа над екипата на Унион Берлин и ја освари 11-тата победа сезонава со која повторно се одржува меѓу петте најдобри тимови во Бундеслигата.
Ништо не се промени, пак, кај статусот на нашиот Елиф Елмас. Тој и денеска мечот го почна на клупата за резерви, а шанса доби само во последните 15-тина минути од средбата. Очигледно е дека тренерот Розе се уште нема потполна доверба во Елмас за да му даде шанса како стартер.
Головите за победа на РБ Лајпциг ги постигнаа Опенда и Шешко.