Македонија в четврток во Париз ќе ги дознае противниците во Лигата на Нации!

298

На 8 февруари (четврток) во Париз (18 часот) ќе се одржи ждрепката за Лигата на Нации. Познато е дека нашата најдобра селекција се наоѓа во сегментот – Ц и во барабанот три заедно со селекциите на Словачка, С. Ирска и Кипар, значи не можеме да се паднеме со овие селекции.

ЛИГА НАЦИИ – Ц

Пот-1: Романија, Шведска, Ерменија, Луксембург

Пот-2: Азербејџан, Косово, Бугарија, Ф. Острови

Пот-3: Македонија, Словачка, С. Ирска, Кипар

Пот-4: Белорусија, Литванија/Гибралтар, Естонија, Летонија

Нашата делегација на ждрепката во Париз ќе ја сочинуваат претседателот на ФФМ Муамед Сејдини, потоа потпретседателот Лазар Ракиџиев, генералниот секретар Наталиа Илиевска Божиновска кои ќе учествуваат и на конгресот на УЕФА, како и селекторот Благоја Милевски и директорот на репрезентацијата Дени Масев.

ПретходноСелекторот Грчевски го објави поширокиот список за дуелите со Шпанија!
СледноРоналдо тресе, Шкендија победува! (ФОТО)