Воска Спорт со убедлива победа над црногорски нисколигаш

379

Екипата на Воска Спорт во Улцињ, Црна Гора, обезбеди висока победа од 9:0 над тамошниот нисколигаш Адриа. Воска во Улцињ ќе ја реализира главната фаза на подготовките во пресрет на пролетната сезона.

Тренерот Миљан Радовиќ ќе има добар увид во комплетните сили со кои располага тимот, а денеска на дуелот со подгоричкиот состав настапи главно со играчите кои не играа на дуелот со Рудар Пљевља претходно.

Следниот натпревар Воска ќе го одигра против ФК Бокељ.

ПретходноЈуниорскиот репрезентативец Јован Милев прогласен за МВП на турнир во Полска
СледноАртета: Арсенал поворно е во битка за титулата, го победивме најдобриот тим во Европа!