Манчестер Јунајтед ја потврди информацијата дека Лисандро Мартинез долго време ќе биде надвор од терените.
Во соопштението, Манчестер Јунајтед соопшти дека дефанзивецот ги повредил колатералните лигаменти на коленото и дека ќе биде надвор од терените најмалку 8 недели.
Аргентинецот се повреди на натпреварот против Вест Хем (3:0) во Премиер лигата, кратко време откако се опорави од една повреда.