Рома не застанува под водство на Де Роси (ВИДЕО)

285

Екипата на Рома ја оствари третата последователна победа под водство на новиот тренер Де Роси, откако вечерва славеше над Каљари со убедлив резултат 4:0.

Резултатот го отвори Пелегрини уште во втората минута (ВИДЕО), а на 2:0 зголеми Пауло Дибала во 23-тата (ВИДЕО).

Во второто полувреме фудбалерите на Рома постигнаа уште два погодока и тоа преку Дибала во 51-та (ВИДЕО) и Хујсен во 59-тата минута (ВИДЕО). Со оваа убедлива победа Рома се зацврсти на 5-тата позиција со освони 38 бода.

ПретходноЛисандро најмалку два месеци ќе биде надвор од терените
СледноФантастична вечер на Фоден, хет-трик за победа над Брентфорд (ВИДЕО)