Рома ќе го раскине договорот со Ренато Санчез

251

Раководните фактори на Рома работат на предвремено раскинување на наемот на играчот од средниот ред Ренато Санчез.

Португалскиот играч за врска беше доведен на „Олимпико“ од ПСЖ, но не успеа да импресионира со своите игри. Санчез досега има 9 меча со 1 гол за „волчицата“.

Фудбалерот е трансфер цел на Бешикташ, па со оглед на тоа што преодниот рок во Турција е отворен до 9 февруари и клубот од Истанбул веќе започнал преговори со парижани, Рома сака експреснод а го раскине доворот за позајмица.

Доколку се оди според планот, Санчез пред крајот на неделата би требало да отпатува за Турција каде ќе потпише договор со Бешикташ до крајот на сезоната.

ПретходноНевидено: Навивач на Рајо му стави прст во задникoт на фудбалер на Севиља (ВИДЕО)
СледноВардар со Колос на Евгениј Новак ја завршува мисијата „Анталија“