Со печати, нотари, изводи… денеска се промените во МОК!

2545

Пребројување на делегати, математики и момент на одлука! Денеска од 18 часот во спортската сала „Борис Трајковски“ ќе се одржи Вонредното Собрание на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК). По иницијативата поднесена на 9 јануари кога 32 од вкупно 41 федерација побараа смена на актуелниот претседател Даниел Димевски.

Од МОК прво ја отфрлија иницијативата, па по свои закони свикаа годишно Собрание кое е со термин 9 февруари (четврток). Од иницијативниот одбор за промени во МОК најавуваат дека сите се единствени и на иста бранова должина и покрај обидот да притисоци, закани и уцени од страна на актуелното раководство на МОК.

Затоа сите делегати и федерации денеска со печати, нотарски изјави и изводи од надлежни државни институции ќе се легитмираат пред самото и на само Собрание на кое се очекува да му биде доделен „црвен картон“ на Даниел Димевски.

Од друга страна МОК ги користи своите позиции и врската со Интернационалниот Олимписки Комитет од каде бара заштита и непризнавање на Вонредното Собрание кое се одржува и е свикано според сите одредби од статутот на МОК.

Кој е со кого ќе се знае денеска од 18 часот…

ПретходноРеал се лути, но Мбапе е решен да игра на ЛОИ во Париз
СледноВучиќ: Ц. Звезда и Партизан ја рекетираат државата!