Рајковиќ со порака до Русите: Јас и Нено сме Македонци, не постојат Северномакедонци!

1614

Емил Рајковиќ, стратегот на гигантот ЦСКА Москва уште еднаш покажа колку си ја сака својата земја – Македонија и колку си го сака и почитува својот народ.

Секоја чест! Така треба.

Имено тој како стратег на „Армејците“, е одреден за тренер на едната екипа за Олстарот во ВТБ лигата.

Рајковиќ во најавата за овој спектакл кој треба да се одигра на 18 февруари, забележал грешка и тоа веднаш им го кажал на Русите.

На вашата интернет страница забележав дека мене и Димитријевиќ не пишувате како Северномакедонци. Тоа не постои. Новото има на нашата држава е Северна Македонија, но според меѓународните договори, ние по националност сме Македонци“ убаво им кажа Рајковиќ на Русите.

Да кажеме дека поради обврските кон репрезентацијата, Ненад Димитријевиќ кој игра за Уникс Казан нема да учествува на овој спектакл.

ПретходноМанчестер Ј. го испраќа Ериксен на позајмица во Галатасарај?
СледноРК Охрид ќе ја има поддршката на “Рибарите“ на гостувањето кај Бутел!